цитат (м.)
139. За жал, дури и кога Мисирков наведува конкретни цитати од други автори, никогаш не дава поблиски библиографски податоци.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Иако ги користи цитатите многу повеќе од поголемиот дел негови современици, тој тоа го прави помалку наметливо.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ова е поткрепено и со еден цитат на Маркс: „идеите не можат воопшто ништо да изведат и за остварување на идеите се потребни луѓе кои ќе употребат практична сила“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Класификаторската вештина, енциклопедизмот, цитатите и илузионистичките игри од историјата на сликарството неодвоиви се од неговото авторско писмо.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Но поради тоа што остават уметникот самиот да ги објаснува своите дела и со термини од неговиот личен метафизички систем - еден брилијантен микс од автобиографски цитати, позајмици од езотеричната доктрина на Рудолф Штајнер „Антропозофија” и делови од митови, алхемија и природни науки - не беше создаден убедлив естетски аргумент за уметноста на Бојс.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во содржината на музејот се вмешани цитати со антиклерикални пораки на Гете, Холбах, Фојербах, Енгелс, Маркс и други.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Местото што му се отстапува во романот на иронијата, како и на смирениот крај (читајте го рецептот за питата „тикуш” која мајката му ја приготвува на истоштениот повратник), можеби, на прв поглед не се упатни за такви цитати.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Особено брутални цитати може да се најдат, што воопшто не не зачудува, кај италијанските футуристи кои предлагаа Италија да се излекува од својот „карцином на професори, археолози, туристички водичи и антиквари“ (Marinetti) преку уништување на библиотеките и музеите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во трагичен и гротескен колаж на извлечени сакрални делови од верските храмови од трите вери, со цитати и плакати, со содржини со кои се одречуваат душата и верата, и овде се допира трасцендентното, централно прашање: што по смртта на човекот?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Следниов цитат е извод од писмата на бивш пациент кој знаел за моето интересирање за потребите во околината. Ми го испрати др. Хофер.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ќе се послужам со цитат од приредбата, на која една наша соученичка рече: „Марксистичката револуција го разурнува целиот духовен свет; љубовта кон татковината, националното чувство, односот кон историјата, кон семејството, минатото и иднината“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Значи, не е случаен оној цитат од Калигула: „Сѐ дури постои уште една глава да се стави под нож“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Карактеристично е дека не е запомнат, или барем не се посочува, „цитатот“ (станува збор за познатата Андриќевата стохолмска беседа, за приказната и прикажувањето) но е запомнато она главното, кажаното.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во извештајот детаљно беше опишана Албанската национална армија, со цитати од нејзините прогласи за „ослободување на албанските територии под славјанска доминација“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тоа беше нешто слично како во оној цитат што го бев запишала од една книга: соочена бев со наплив на нешто од што, во мојов случај, сепак, сеќавав, дека морам да се одбранам.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Островот или наследените односи, воспитанието на почит и разбирање меѓу поединците во секоја верска заедница, што се негуваат од генерација во генерација, се тие што се чуваат како пламенот на домашното кандило, како реликвија, како највисока светија, како стара, наследена икона во домашниот иконостас, како свитокот со цитат од Тора поставен на влезот од секој дом од некоја поранешна генерација закинтски Евреи?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Какви утешни зборови да се упатат на ужалените, или кој цитат да се одбере од било која света книга, за смртта на еден пајак?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
19. Му верувам зошто да не му верувам на Чарлс Дарвин Дека ние коалите сме можеби најпознатата врста дембели Добро де и оние Црногорците на Балканот биле во мртва трка со нас За нив не сакам да си ја грешам душата Ама за нас коалите бев чула дека ако крстителите Немале пошироки погледи на светот И ако ги гледале само нашите навики Австралија можеле да ја наречат и Дембелија пу пу скраја да е Туф туф врста дембели А што сме мислители и сонувачи никому не му е гајле Кога секое суштество е дадено на многу мислење Нема многу време за работа Сега некој зајадлив ќе рече кој работи не мисли Или колку повеќе работиш толку помалку мислиш Други зајадливци ќе речат дека работата го создала човекот Не се сеќавам добро ама некој како да ми рече дека тоа е цитат од Маркс
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Сѐ беше веќе измислено во уметноста. Само цитати и толкувања. Ништо ново.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
- Фала Богу, конечно! Ветуваш ли дека ќе ги изоставиш и сите тие цитати од умни глави?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)