чиновник (м.)
По свршувањето на учењето може да биде и чиновник на пропагандата, но притоа тој ги мрази и си ја проколнува судбината што е орудие на една пропаганда, којашто си има свои цели, совршено спротивни на интересите на неговата татковина – Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се разбира само од себе оти тие со своето учество во револуционерните работи одеа во расчекор со интересите на Егзархијата; но, при сѐ тоа, тие беа бугарски чиновници.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
„Србомани“ се правеа тие само со заминувањето во Македонија како српски чиновници и органи на српската пропаганда.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ги позна. Тоа беа жителите број 9 и број 7, првите негови соседи, едниот дискретен адвентист, другиот ситен чиновник, вљубен во својата мандолина.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Си навредил царски чиновник? - Ситен е таков грев.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
`Рѓата на Милоша Милоевиќа нема да го извалка името на честитиот српски народ, а постапките на нашите цариградски чиновници нема да го обесчестат името на бугарскиот народ кој ги презира нивните совети и нема ништо заеничко со нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По многуте изменети српски чиновници, во 1934 година за шеф на станицата дојде Неделко Акиноски и остана тука сѐ до 1944, кога фашистите, не знаејќи многу за него, дека е организиран, како доверливо лице го преместија да биде шеф на станицата во Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Вака жителите на Потковицата, на подбишега, им објаснуваа на учителите и на чиновниците на завојувачите кога тиа нив и нивните деца со сила ги тераа пампурите да ги викаат пеќи, и продолжуваа а си се греат - на пампури.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Да речеме, да се појави некој интересен полициски чиновник со црвен нос, или адвокат со еврејски акцент.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
„Вие велите, прво градите“, меко се надоврза чиновникот како да сака да го ободри новодојденецот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Неговото превосходство забележа за цената“, го исправи чиновникот. 152 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Наутро чиновниците одат на работа во своите комитети, жените ги чуваат децата, а свеските, кои по некое чудо не се отпуштени, со напудрени носеви одат на служба во „АРА“**.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Неговите зајадливи пародии и напади против германските малограѓани, војници, воени богаташи и укочени чиновници Валтер Сокел точно ги означи како паралели на Стернхајмовиот испрекинат дијалог.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во овие десет броја Маргина се обидуваше да го разбива оној нарцистички (автистички, во крајна линија), оној апологетски концепт (симптом, поправо) за културата, кој богами е доминантен во нашево кревко и бедничко културно живеење; од уличните минувачи затекнати во глупавите анкети, општинските чиновници, директорите на културните институции, министрите, преку новинарите и уредниците на културните рубрики, до претседателот на државата (кому, сепак, единствено и може да му се прости таа јазична помпезност, бидејќи работното место му е такво, церемонијално), речиси секаде (особена чест заслужуваат ретките исклучоци) владее тој бомбастичен, провинцијален дискурс кој повеќе прилега на мобилизациски плакати и на продавници за вештачко цвеќе отколку на еден јазик кој треба да критикува, да продлабочува, да артикулира разлики.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Можеби Големиот Брат едноставно се ослободил од еден премногу популарен потчинет чиновник.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Веројатно некое училиште за чиновници во пошта.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Стариот чиновник Зејнел-бег последен им се придружи на своите одамна заминати во Цариград.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Еве за тоа што читаме во Мемоарот на Организацијата: На 23 април претпладне турски шајки, составени од професионални злосторници и крвопијци, следени од полициски чиновници и жандарми, без секаков повод и ненадејно, со бес и јарост се нафрлија врз христијаните низ битолската чаршија и, кого ќе сретнеа, го убиваа или рануваа.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се прифаќала и веројатноста од промена на неговиот состав, во кој би влегле и идејно поактивни професионални револуционери, а не „чиновници и трговци“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)