чкембе (ср.)
Ќе ја надене ко со вила, ко со вилушка, велеше, ќе ѝ го преврти чкембето, ќе ѝ ги смеша цревата, ќе ја истрбуши.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Цревата на рака ќе му ги навиткам, вели Мисајле зазбивано, како кокошајнца ќе го изгазам, во чкембето ќе му стапнам, вели Мисајле со модра и збувната уста.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А болките само се зголемуваат: ми се кинат и цревата и чкембето, ме сечат на половина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Сакаше да ти збрца нож в чкембе“, рече Борис Калпак. „Тоа го виде и самиот.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Краста: Не јадам чкембе чорба, грав или боранија!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)