чујно (прил.)
- Да... Одвај чујно му одговорив: размислував за наравоучението, што тој го извлекуваше од приказната, но кое го имав заборавено јас.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
За час се прибра и одвај чујно, уморно му рече: - Не чекај ме, Драгане! Оди си, те молам.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Забрзано дишејќи, одвај чујно рече: - Држете! Го пушти едниот крај на јажето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А оној, неговиот, полека се довлечка под дрвото и си го зазеде своето старо место, темен и едвај чујно заскимтен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беа цврсти заби, толку цврсти не можат ни да бидат замислени кај еден таков парталав створ, удираа еден во друг во една морничава стрвност, а до него сега беше чујно дури и нивното крцкање.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој роднината, му бакна рака на болниот старец, промрморе одвај чујно: „Прости ми, мили дедо”, па ги свика кучињата што Денко ги беше нахранил и со торба преку рамо забрза преку Гола Глава.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И неусетно овој амбиент те пренесува далеку од зазбивтаниот Париз, од автомобилската бучавост, која и овде, од далечина, допира одвај чујно.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Крстовица полека свртува глава, погледнува во својата црна шамија распослана на подот и тивко, одвај чујно, изустува: - Ајде, синко, стани на мајка, стани... Стани, Ристеее!...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Му се чинеше дека е сосем загубен во тој огромен и недофатлив свет, но одеднаш слушна викања а потоа одвај чујно брмчење на камиони.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Кој ли е овој по ред? - одвај чујно праша Пандо.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Од нивните глави се слушаше тивко, одвај чујно ѕунење.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Како и да е, господинот Сенка никој (што значи и: никогаш) не успеал во потполност да го опфати со поглед; само ненадеен трепет во мракот (црно преку црно), пред да се заспие, слично на одвај чујно мавтање на лилјак - нешто необјасниво но страшно; или молневита трага од крајот на долгата црна наметка што се губи зад некој агол, и тие чудни сеништа (од уште почудни светилки?!) по старите и мемливи ѕидови, тогаш кога минува господинот Сенка.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
- Мавав по пајак, учителе! - одвај чујно изговара Младен.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
А потоа наеднаш ќе зажубореше но одвај чујно нејзината расчувствувана сомилост: „Можеби доаѓаше, мило, само за да ја погалам, но јас не знаев или не умеев тоа да го забележам?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во аголот одвај чујно брмчи клима уредот. Ладовина. Надвор нѐ гореше летната жега.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Самотија. Питомина и тишина. Одвај чујно, туку-речи, лижејќи го карпестиот брег, плискаат езерските бранови.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Затоа, додека јас умирам, подобро е да си далеку од мене како едвај чујно ехо на љубовта за која требаше да се живее.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Маркос се сврте кон присутните и тивко, одвај чујно, скоро разочарано, рече: - Практично јужниот фронт го немаме. Тој веќе не постои.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се обидува да гази полека, одвај чујно и поначесто гледа зад себе.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И кога Фимка се доближа и скоро застана до неа, девојката подаде кон неа рака обврзана со окрвавен завој, погласно залипти и низ липтежот одвај чујно изусти: - Мајко.., мила, мајко моја... таа толку тивко прозбори што се чинеше дека ветерот некаде од далеку донесе само шумолење од глас, го удри од карпите и стеблата и го растури меѓу тревјето во лединката распослана под сенките на високите борови и само делче од него стигна до Фимка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)