шаблон (м.)
Таквата политика беше шаблон уште од деновите на модерниот европски империјализам.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Се разбира дека тој покажа интерес за случувањата во Сан Диего, но тоа само го увери дека доживувањата на младите љубовници со ништо посебно не излегува надвор од дури и предвидливиот шаблон така што му беше доволен фактот Едо и Су продолжија заеднички да живеат како што почна во собичката на механичарската работилница на Али во Сан Диего, но сега во станот на Су во улицата „Кинг“, во центарот на Торонто.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Нема ништо од онаа борба на детското живо чувство против шаблонот што сака да го скове, за која зборуваше уметникот и показот на која беше основната мисла на оваа изложба.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Личности кои се облекуваат прилично добро, само поради следење на модните шаблони излегуваат од фазонот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
НЕФОРМАЛЕН Не користам шаблон строг и мразам хаику со слог отидов да читам некролог
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Има и по некое клише, но тоа е стварноста. Се повторува само шаблонот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Се зачудив од содржината на книгите која делуваше интересно, а за мене во минатото правото беше шаблон за нешто многу тешко и многу научно.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Никогаш не ме консултираше како да требаше да бидам шаблон на жена, безгласна буква.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)