шалтер м.
шалтерски прид.

шалтер (м.)

Замисли како тој, сега здебелен, оќелавен другар сериозно го гледа од другата страна на шалтерот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
По долгите часови изминати во опашката за основниот животен документ, легитимација, конечно дојдов до шалтерот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да фаќам врски по шалтери. Да го слушам Перо како ждрига по улици.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Што сакаш да правиш? Да изнајмиш соба со шалтер над кој пишува Podunk Porno Movies?“
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Службениците му ги подаваа потврдите од шалтерите како да му ја издаваат неговата сопствена посмртница - толку се надеваа дека последен пат се гледаат.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Шалтерите кога работат работат до десет, а јас, под претпоставка дека ќе имам среќа да работат, пресметав дека ми остануваат два-три сати за убивање.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ме изненади тоа што ме ослови и со името и со презимето, како службеник што ословува клиент на шалтер.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Според турканицата пред шалтерот за багаж, во чекалницата, а и внатре, во леталото, авионот Скопје – Виена може да заличи на автобус со крилја.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, редот пред нејзиниот шалтер се движи релативно брзо.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Лушпите беа забележливи и по подот на следната просторија, салата со шалтери, иако мојот поглед беше насочен малку погоре.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Илија влегол во поштата оставил запалена бомба пред шалтерот и избегал.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Едоставно ја зеде својата девојка, бруцошката што зборуваше со очите, и ја одведе во Градското собрание да ги подадат личните карти на шалтерот за бракови и разводи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тие пред секои избори ја подновуваа старата еднокатна зграда на началството: темножолто однадвор, светложолто однатре, демек фасадата и канцалариите, бело по таваните и модро по ѕидовите до каде што допираа грбовите на граѓаните во чекањето пред шалтерите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Службеничката им го закажа денот и часот, па љубопитно ги загледа и низ своите очила и низ стаклото на шалтерот, и со насмевка ги потсети да си поведат и сведоци за регистрацијата, тој од една таа од друга страна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И еве го сега над оваа позиција од која му зависи дали ќе го забележи желаниот успех или ќе биде пак изоставен, сега пред самиот праг, како човек што долго чекал во редот пред театарската каса, а билетите се свршуваат токму кога тој му пристапува веќе на шалтерот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Еден дебел човек, пијан и истуткан, со пробесена рилка, стоеше упорно пред затворениот шалтер, чукаше одвреме навреме и ја караше громогласно бугарската управија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Полицаецот го затвори шалтерот, се наведна над некои хартии и пишува, пополнува.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гласовите се престорија во хор во кој водечки алт го врескаше моето име – тоа гласот од шалтерот упорно ја истураше својата еднолична содржина.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Шалтерот чкрипаво се отвори и јасно го слушнав своето име.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе