шара (несв.)

Хирургот Никола или?... Не знаеше дека му готват стапица и се сеќаваше - ја испрати Јана до циганскиот крај на крај на град и шарајќи со очи по разнобојните мали куќички и ги стисна рацете: „Се каеш ли?“ Недалеку од нив голомешесто Циганче со стар, ноќен сад на глава, сонуваше да стане војник.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа е вистинското негарско село зашто пред секоја колиба работи по некој негар или негарка: шараат вазни, плетат кошници, ткаат, плетат, везат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Некој фрлил ѓубре. Некој шарал по белиот ѕид. Некој вика. Некој пцуе. Некој лаже.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И така... Комарците само ни шараат по кожата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кома и смрт хараше, кога Тасе со него шараше.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Крал бил, имал кралство – бара, замок среде барски цвет, Невидливи шари шарал над облаци во брз лет.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Каква конфузија. Не би било добро - похотно шарајќи со погледот изговори тој.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зар по цел ден со очите ќе шарам по небото и со денови ќе чекам да се вратиш? Да плачеш и да не запираш!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сандри се стресе, зашто помисли дека бегот видел како тој досега само шараше со очите низ одајата, и особено кон вратите што требаше да се отворат за послужувањето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако се работеше за чумата, таа црна гостинка што везден ја носеа од истокот и Стамбол, туку си шараше без престан низ Скопје, час во едно, час во друго маало, и додека не збувнеше наеднаш насекаде ја сметаа за зло што се совладува.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Маци! Маци! - почна да вика и да шара со погледот додека виљушката сѐ уште ѝ стоеше во рака.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Со самото тоа што до ден-денешен многу народ ја памети песната (Шарам- барам, лево-десно, овде онде ми е тесно) може да се тврди дека таа беше и најуспешен сегмент на овој серијал.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Очите постојано им шараат кон неа на прозорецов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сандаците со патроните, мините и рачните гранати допираат, гребат, удираат на карпата, шараат по неа, се тријат, тропаат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Замолкнаа за миг. Шараат со очи по таванот и ѕидовите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)