шверцува (несв.)
Како што течеше тоа време во тие барутни години кога шверцував. Без утре, без вчера...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И додека сите селани ги возобновуваа заборавените нивки во планината крај нивното село, кои, во времето додека тие печалеле по светот, беа насобрале по малку слоч за да можат да изранат по неколку жетви, а војната ги имаше испобркано сите патишта и сите граници, - оној тогаш шверцуваше со автомобилски гуми.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Црниот пазар зема сѐ поголем замав; дрогата од Лондон се шверцува во останатите земји и се препродава по многу повисоки цени , се разбира таму каде што е нелегална.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Се изживуваше така цел час, и јас куртулив само затоа што по телефон му се јави чистачката и му соопшти (слушалката на телефонот беше многу силна и тој, колку и да ја притискаше до увото, не можеше да го сокрие разговорот) дека се дојдени некои муштерии кои би сакале да купат некаков текстил од оној што тој го шверцува.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Никој не може да го извади од кожа затоа што овде никој не смрди, никој не се шверцува и не се бутка за прв да влезе.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Полероси се организирани групи кои шверцуваат евтина мексиканска работна сила во САД.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)