шеријат м.
шеријатски прид.

шеријат (м.)

Службеникот на шеријатот, најпосле дојден на себеси, се заврте сега и кон сведоците.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Си приспомнуваше со сочувство за срамот што го снајде татко му Мустафа-паша бег, еден од тројцата синови на славниот Исхак бег, кога ги изведе браќата пред шеријатот, барајќи право во наследството и вакафнамето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Затоа, според ферманот, нему му припаѓаше сѐ околу езерото, сѐ што лета на небо, оди по земја и плива во езерото, а покрај тоа неговиот закон зафаќаше и сѐ друго поврзано со живите, избеганите робови, соколските седела, па и сите даноци, од пазарните такси, од данокот за пасење на добитокот, за лозјата, димнината, арачот и џизието, па сѐ до најомразениот од сите даноци, данокот наречен „спенча”, кој сѐ уште се плаќаше со деца, иако по разни патишта и со разни хуџети до шеријатот, одамна се бараше да се прекине со него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не се оствари надежта на еден на основоположниците на новата Република Турција Али Фети Беј Окјар, соучесник и пријател на Мустафа Кемал Ататурк од Воената гимназија во Битола, негов прв премиер и верен пријател до крајот на животот, Татко, неговиот внук, нов кадија и на шеријатот и на модерното европско право, да го започне искачувањето кон врвовите на новата владетелска хиерархија во нова Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најмногу има арапски зборови кои означуваат разни звања, професии и титули, како на пример: валија, везир, кадија, кајмакам, калфа, муфтиш, султан и други, или термини во врска со војската и воената опрема како: анџар, арач, аскер, забит, низам, талим или пак во врска со исламот: алах, аџија, вакаф, ездан, еџел, имам, еџел, ислам, куран, курбан, минаре, муфтија, муезин, оџа, рамазан, теќе, тулбе, џамија, џемаат шеријат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)