шибне св.

шибне (св.)

Разбеснето со шпорите тој шибна, коња врана со Кузмана да стапи в бој. Спроти него се исправи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Лесната му шибна некоја полока „руски шеќер", ситен, и зеде една грутка та ја стисна над ѓумчето и течноста во неа пожолте, оцрве — „ја запржи".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А оваа острица режеше како што се реже зрел клас под грло, да шибне сок, бол, збор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Некаде ѕвони. Шибни ме високо и бездно.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И шибна лага: „Не знам. не се интересирам за неа.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
После денот шибна низ челичните цевки на пушките, ги избриша сенките на патролите и ги изми плочниците; а тој потече со тој млаз давејќи ја в грло својата пилеста смеа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пари и љубов, ќе се зачудат тие. Од грлото на Јана ќе шибне млаз смеа кога ќе се заврти кон првиот на масата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сега, кога му се чинеше дека некому одамна умрен му го открива својот бог, оставаше да го лазат спомени и се мачеше да не шибне како дожд во својата исповед, како понекогаш кога ќе беше сам и згрчен во некоја бескрајна и болна тишина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоше, којшто, исто така како Толета, располагаше со добра физичка сила, се заврте да го види Толета и намисли да преземе некоја одбрана, но Толе го шибна со кундакот и тој тргна по другите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Чинела дојди мечката на потокот, велеше татко, да се напие вода или да се искапи, велеше, а крмакот ќе се затрча и ќе ја шибне одзади со секачите, со 'рпалата и мечката ќе рипне, велеше, ќе почне да бега, ама дека нема многу време за бегање, велеше, ќе се качи на една бука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дамче се почувствува и понижен и навреден. И веднаш во неговото срце шибна омраза спрема него, спрема сите од Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Врелината на коњската крв прегреана од вино го шибнала со камшик му ја вратила свеста.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Шибна крв од носот и тргнаа светлинки да ми летаат нагоре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Деловите на полегнатите човечки стави како да биле поделени на студени и топли зони и додека стомачните мускули им трепетеле на тврдата земја, преку тилот и меѓу плешките им се разлевала морничава врелина, и некој, едниот или другиот Онисифор, мислел дека крвта бара пукнатина на кожата да шибне како црвен знак и да му се придружи на сонцето со брзина на светлоста ослободувајќи се еднаш засекогаш од кожурците на глупавата препаленост, на страдањата и искушенијата што некогаш биле склопец на животворен течен мерџан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури и од пенушките на црниот јасен ќе шибнат сочни прачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По мене Времето се качува (повеј студен) И ме Осланува. колку сум заморен Колку сум заморен од животот Од летот во висините Од падот во длабините Од врели стрели Шибнати во слабините Та чувствувам како Молкум ме одминува светот И како Отаде Ме носат Годините. присет Воденичен камен. Јачменов леб.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Писмородецот ме погледна и ме шибна со ровја од окото негово потемнето од бела скрама, но Царот подзастана и рече: „Дајте му ги стакленцата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Сите мислиме како логотетот“, рече Јулијан Граматикот. Само јас реков: „Сите мислиме како Филозофот“, и во тој миг како ровја ме шибна белото око на Стефан Лествичникот, до вчера Писмородец.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За миг се случува избезумувачка ерекција на сите пет, шест, седум свети сетила.  Се кочиш, небаре примаш нагло шибната инјекција. Терапија со електрични шокови.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Нешто го шибна грозно преку плеќи, така што тој падна на коленици и ја испушти книгата од рака.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе