шмрк (м.)
Пожарникарите брзо се симнаа, грабнаа шмркови, скали, секири и се втурнаа во дворот од Митковата куќа.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
— Токму така, живи ќе ги изгориме овие пезевенци — ги потврди и овој кајмаковите зборови и веднаш се распореди да се донесе газија и шмркови да се запали куќата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Понекогаш пензионираниот пожарникар од Пупипафија Генерал Шмрк за кого мислевме дека се допишува со англиската кралица, ја повторуваше следната поговорка: „Не помагај му на човекот, тој тоа не ќе ти го прости!“
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Попријатно беше пешачењето до станицата Е1 чувствувајќи како дождот ја мие песокта од мојата коса и нозете, додека тој единствено се чувствуваше во препоните на кратките пантолони и со секој шмрк на чевлите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)