штафета ж.

штафета (ж.)

Четвртата е далеку од нив, не лази, трча со штафета во премрзнатата рака.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Чекајте... Што е тоа Титова штафета? И јас објаснувам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Градовите и селата низ кои поминувала Титовата штафета денес се рушат како кули од карти, речиси по истиот редослед, од север кон југ.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Црвената шамија потоа ја носевме дома, и одвреме-навреме кога ја пречекувавме Штафетата или нешто слично ја проветрувавме. Обично ја врзувавме над сината кецеља.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
На пример кревањето на споменик на доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз-Тито во Битола и пропратни глупости од типот на организирање на штафети.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Прачката пак беше Штафетата на младоста, која ние реакционерно ја преименувавме во Паштета.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Што е за право ниту еден сонувач Нема да рече многу ми е гајле за иднината на сонувањето Не што нема да рече многу ми е гајле Ами ќе ја обнови и ќе ја поткрепи идејата За воведување светска сонувачка штафета Сега не мора таа да му се врачува на Врховниот сонувач Баш на 25 мај И не мора сосе штафетата да има и слет на стадионот на ЈНА Постарите сонувачи паметат и такви штафети и слетови Со кои некои неиспилени на несонувано тераат мајтап
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)