штурец м.

штурец (м.)

Тогаш тој му се наведе до лицето, ослушна за час – во ноќта осем песната на штурците не се слушаше ништо друго – и му шепна: - Ќе одам на Младинскиот канал ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Една летна вечер, кога тих ветерчок им ги мрсеше косите на тополите, зашепотени нешто весело меѓу себе, кога штурците застругаа по жиците од своите тамбури ако некој поминеше преку старото дрвено мовче кај бавчите, можеше да види како накај Аврамовата колиба нечујно се приближува нечија сенка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Па, најпосле, општинскиот штурец умееше да ги разнежи срцата, но не моето - болно и разјадено, и исцедено, без чувства и без живот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Немаше никакви претпоставки а можеше да ги има секакви и многу - ноќта беше таква, до врв исполнета со штурци, со локомотиви, со живи сенки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ѕвездите станаа посветли, штурците погласни кога го испратија него и неговите визии: спокојните и сонливи жители на Нојовиот ковчег без страв минуваат крај неговата празна соба, Мануш и Јанкуло му се враќаат покајнички на заборавениот бог Мирон, тој - стои на сред ринг и бесмислено се клешти кон публиката.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Штурците почнаа да ги гласат своите виолини за вечерниот концерт. Беше време за враќање дома.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Штурците таа ноќ се слушаа уште појасно и погласно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во Заветна, низ папратот ечеа ѕвонци и клапки, од кај Дуковската колиба одекнуваа удари на секира, а штурците ја почнуваа својата песна, славејќи го уште од рано убавиот ден.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Овие убавини, овие свежини... Гледајте ги светулките, слушајте ги штурците, вдишувајте ја гората...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Над папратот, над шаторите, штурците и бумбарите веќе ги гласеа инструментите за својот денешен, пладневен концерт.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
11. РИБА ОД НИВА, ШТУРЕЦ ОД МОРЕ - за вакви барања елбете сме криви, но дали сме прави од небото горе кога бараме светците да ни се живи...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
II Појдов во полето долапот стар да го видам кула од кристали матица што се рои небото од штурци што пее уште по сите ридја по сите брегови на соништата мои.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
По ридот удолу по стрмнини по долои по воденици штурецот да ни се чуди.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Од каде штурец, си мислам, па после тоа црцорење ми иди како тропање на матерки, на вилушки, на лажици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само штурци, штури ко мене, свират по месечина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си мислам така, а во овоштарникот само црцорат штурците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
О, боже, кога ме виде тој таков меур, надуен, преправач, најголем преправач, штурец, лажливец, непромислено прсна во смеа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ни шепот, ни плачење... Молк. Замолкнаа и птиците, стрништето, онемеа штурците жетвари...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И штурците никако да тивнат: си свират, ништо не ги запира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— На несакање, велам, штурциве ме заглушија, а небоно е втурено со ѕвезди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе