шумен (прид.)
- Ејди, горо, шумно горо, шумна горо јаворова, ни за мајка, ни за татко, ни за прво либе жалам.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Во првата јунска ноќ, млака, шумна и ѕвездена, се сретнав со Пенча.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ноќта е црна постава на денот што се превртува како маскарада Таа е темната утроба на гласот што низ сите ѕвезди везе молчење Најмногу ги сака постелите кревки сред шумниот мирис на боровите Интимна е тогаш и гола како страст што низ смеа мами вечна тишина Па ако тлее нешто живо во неа ќе пеам што мртво не е уште сѐ
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Застана крај првата улична чешма и ја стави главата под студениот шумен млаз.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Не можеа да си ги видат очите, беше мрак, не смееја да си ги подадат рацете, би било многу необично и многу ненадејно, но можеа да го чујат шумното дишење еден на друг и да го чујат секој за себе лудувањето на сопственото срце.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
* Седам во тремот додека врне дождот а чинам дека тече по мене по моите вршки и лисја по моите гранки по стеблата по корењата по моите мравки тече по мојата шума по мојата земја по мојата мисла тече по мојата изненада закопана во брчките го брише мојот уплав мојот страв мојата осаменост во бесоницата во трептеж во напуштеност врви по дамарите мои се вовлечува во моите очи дождот што ме буди што крепи што плоди и јас станав извор што ѕвони цвет што се шири плод што се дрочи додека живеам и растам во оваа стара шума на моето постоење во вишнава гора во шумниве лисја.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Не ќе се изоди сал нема да го изодиме немиот говор на зелениката нашиот шумен разговор.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Со бакнежи и солзи, на големата и шумна минхенска станица, девојките се разделуваа. Нивната песна молкна уште пред Јасенице.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во шумниот и индустриски Штутгард, центарот на Виртенбершката покраина, слегоа заедно до Грците и Турците, и многумина југословенски патници.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
За Солун се вели дека е шумен град, но шумот овде има свои граници и се чувствува само во неговите центри и во главните сообраќајни артерии.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Стоеше, изделена, ѕурејќи во дождот и шумниот мокар свет отаде големиот прозорец.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Поминуваа низ неговите зборови као низ неочекуван дожд; мислам на оној летен, шумен и крупен, од кој ќе ја поднаведнеме главата и не дишејќи притрчуваме до првата стреа.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Гемиџиите сметале дека ослободувањето на Македонија можело да се постигне само со шумни дела, со динамитни напади врз претпријатијата во кои бил вложен западен капитал, какви што биле банките, железниците и друго.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Со таков занес и шумен подем беше закитен градот кога во нашиот двор во свечена воена униформа се појави другарот Ѓорѓи Смокот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Јас сметам дека со неповторливо богатство се надарени само нашите лични доживувања, приказните што ние ги создаваме: разнобојни, шумни, богати, со насмевки на бои што ќе ги откриете само во опашот на паунот, и се разбира, да не заборавиме, кај виножитото.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Приквечер беше сешто живнато. По џаде врвеше нагоре-надолу свет, дворовите се разбудија, а крчмите, три или четири, беа полни и шумни.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)