шушне (св.)
Ако шушне ќе го разберат ќе влезат внатре и - готов е.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
„Посетете ја лавовската трпеза во зоолошката градина. Ќе видите бесплатна претстава и уште во џебот ќе ви шушне малку сува слама, паричка со слика на рудар - ударник.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ако некој шушне - ќе му летне јазикот!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ненадејно зад него нешто шушна. Тој се сврте и погледна. Кај него идеа Горјан и Огнен.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Наеднаш сѐ е како скаменето: ни молив на чкртне ни лист да шушне.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Едните, на задното седиште на „сто-кецот“ на случајниот минувач, кому во џебот му шушнала една книжна што успеал да ја сокрие од дома и од децата, на брзина му го земаат умот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)