ѕуни (несв.)
По пат долг и прашен од далеку вјасам, се наѕире село во зеленила цело, и шупелка ѕуни и се слуша гласот, пак во тебе мое, јас се враќам село!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
И султанот во срма би ја облекол и со мед би ја поел. А во грлото злато ѝ ѕуни.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се стиска без излез, без можност некоја за повлекување. Во ушите му ѕунат камбани.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во ушите ѕунат хаосни гласови, некоја далечна мелодија се раскинува од џагор, тропот на наланчиња по калдрма, нестројно тешко удирање по наковална и тивко пеење и страсно шепотење на нечии познати усни.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во ушите започнува да ѕуни неодредена и заглувната музика. Го замачија пискања на зурли.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А, еве, што се случи. Низ прозорецот, во собата влета една оса. Ѕунеше гласно и предизвикуваше.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
„Сигурно е ноќ“ - помислува. „Која ноќ? Која ноќ“ му ѕуни во мислите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во ушите му ѕунеше, срцето му чукаше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
17. ОВЦАТА ШТО СЕ ДЕЛИ ОД БУЛУКОТ ЌЕ ЈА ИЗЕДАТ ВОЛЦИ - и струната откината од цигулката не може да ѕуни, и колата не може да се тркала само на едно колце, само мажот сака да може против жената да се буни...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Веселата смеа на децата по цел ден ѕунеше по улицата. Дојдоа и пролетните птици.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
По нозете ми се качуваат мрави, полето ѕуни и ми се одѕива во ушите. 35
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Гласот ѝ ѕуни, удира во ѕидовите од собата, си бара пошироко место.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Можете да викате, да се лутите, да беснеете, можете да крескате, да се буните, да се смеете, можете како гром да трескате, како ѕвонец да ѕуните и чудно да ви биде, и мачно да ви биде на душа - што никој не ве слуша!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Дури и рамото ми се стресе од пукањето, а во ушите ми ѕунеше додека слушав како ехото од далечните врвови го враќаа до нас грмежот од испуканиот куршум.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
4. Господова рожба беше сето тоа: и преселбите и шумскиот од и псалмот што ѕунеше од мислата и омјазот на ангелот.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Имаше зимски ноќи кога се будеше со порцелан во коските, со студени ѕвончиња што му ѕунеа крај ушите, со ледени прободи во нервите како сива светлина од студени огномети што експлодираат, распрснувајќи се во вжарени снежинки над пустото тло, длабоко во неговата потсвест.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Да ѕунам и да трепетам како листот, јас ситноода.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Над нивните отвори ѕунеа човечките гласови, ечеа, се одѕиваа, како пчели над саќе.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)