јаболко (ср.)
Има еден збор од старите наши: „Господ со кисели јаболка не се лаже!“.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
На танкиот врат штркнуваше грленото јаболко: да му беше тесно под гнилата јака на старата кошула.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Невозможно ситниот, скоро помал од мене лимар, танок и како од ламарина направен, штукаше мелодично а грленото јаболко смешно му скокаше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Летото врвеше со своите горештини, со своите сливи, круши, јаболки, кајсии, грозје и царевка и наближи есента.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Маст, сирење, сланина, колбаси, јајца, мед, па кога по појадокот Митра извади и јаболка, круши и ореи, — изненадата немаше крај.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Ами, шо можело да има, Боле, некој ореи, круши, јаб'ка, или некоа и друга грутка шиќер.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Не е тоа, брате, јаболко. Скини го од дрво и сокри го в пазува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ако му се пожалиш на четничкиот војвода, тој веднаш за ножот - За тебе се бориме, твоја ракиичка пиеме - Ако појдеш до комесарот на другите, тој ја развлекува волчата челуст, сака да апе - Од пет ока јаболки не ќе се сотреш. Има манастирот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И ми студи! - плачливо одговара Ване и се мршти како да има во устата кисело диво јаболче.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Од нив сега наеднаш беше исчезнато сѐ друго, беше еден судбински миг кога беа само со овој човек пред себе и тоа беше едно такво чувство, цело, како јаболко, а беше и некаква измореност, која израснува во задоволство.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А каде ви растат јаболката, крушите, грозјето? На терасата?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Млада, убава, како тетовско јаболко румена жетварка, пченица зрела жнее и песна пее: „Излегол Гоце војвода чумата да ја пропади,“ По сочните зелени падини, ливади и китни македонски гори, пасат белоруни стада.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Летното сонце печеше... Житата зрееја... Јаболката почнаа да руменеат, а крушите да се жолтеат...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Јаболката, крушите, кајсиите и сливите по градовите како да се посипани со бел снег, само бадемите се преполни со розов цвет.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Само тој има јаболка петровки.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Истрчав долу. Заграбував од снегот, го згрутчував и загризував од него како да беше јаболко.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Насекаде е мешаница и врева: меѓу борците се провлекуваат жени и им подаваат секакви дрангулии: леб, чорапи, опинци, јаболка, цвеќиња ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тој се вцрвени како јаболко,се збуни, но немаше што да прави.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Кога роси и дете кога си игра на улицата И мајка од некаде кога довикува И златна јаболка во дворот кога се ниша Излезете на молитва За вечен да биде таа слика Зашто по многу време ќе застанеш под прозорец И гледаш: Веќе е есен и детето во тебе го нема И пред тебе и сушата и лисјето венат и ниту роси и којзнае каде е Магдалена...
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)