јарост ж.
јаростен прид.

јарост (ж.)

Па кога Кузман сред јарост и мака се провикна: ... „Бидете смели, о деца на Река! Нечесност не ќе нѐ плаши.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но, ете ја,стои - карпа пред јароста бурна; нејзиниот ум го зацврстиле молитви, кои идат од душата тмурна.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Само уште неколку минути и јазичето ќе ја лизне капсулата и темелите на златниот Молох ќе исчезнат во јароста на пеколот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само што не го чу бесното удирање на копитото по плочникот, само што не ги виде наведнатите рогови, остри како шило и крваво–зеленкастата слина што капејќи низ улиците ја остава трагата на јароста и суровото господарство.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Стариот Тиријц, чија жед по жена и во стотата била подеднаква на онаа кај вжештениот младич, јаделе месо (секако вкусно зачинето) токму од таков змиски мажјак, отепан во момент на најжестока јарост.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но – го снижува гласот Хорацио – музиката е придвижник на страста, јароста, претерувањето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Нѐ стапнала несреќа со јарост, ќе копаме до длабока старост.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Секунда молчење. Капкање, шуштење на облеката, лачните ламби сиктат светлина пробивајќи со својата јаркост сѐ.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А Јан, качен на мостот, со невиден гнев, со невидена гордост, со јарост невидена, почнуваше да уринира врз светот, од високо, врз мрежа со електричен напон, над вагоните, лудачки смеејќи се; „Луцијоооо!“ викаше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие места, тие видливи шевови на текстот, најдобро го откриваат духот на времето во кое живееме; на тие места напишав нешто од гнев, од јарост, а не мислев така; и ден-денес не мислам така.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме обзеде жал, гнев и јарост, но со ништо не можев да помогнам и требаше да го испијам отровот до дното од чашата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Еве за тоа што читаме во Мемоарот на Организацијата: На 23 април претпладне турски шајки, составени од професионални злосторници и крвопијци, следени од полициски чиновници и жандарми, без секаков повод и ненадејно, со бес и јарост се нафрлија врз христијаните низ битолската чаршија и, кого ќе сретнеа, го убиваа или рануваа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сликата ти е недофатна божја, сатанска, бесмртна бела, охола ало, лакома суето, Киту твојата јасна росна јарост крвавиот рев вресот на твојата пена - грбна лавовска локна зборот може поверно да те опише од било која икона, лажен идол -развратен знак на китоловците- Милосрдна срж, срцевино, божилаку казни ги поганите: скриј ја вистината ‘рскавицо на покајанието послушај го умот на бога Магу, уживач на морски бездна - утробата на светот Цицалче големо лицето исцели си го од длабочини, Ламјо совршена прскава, мрсна, врела, отровна...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)