љубомори (несв.)
Птица си во слепоочницата на мислата
ако катето изгори, на песната љубомори
ако полуди на рамен круг
ни поетот нема да ја препознае
– во неа суша
радоста и пости.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тоа е макета на Ридот на задоволствата; мала заклучена фиока за бебиња. Тоа е крило на кое љубоморат пеперугите; прв наслов на мојот ѕиден весник.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
„Нешо си ми нервозна“, „Много ти љубоморат“, „Пуно имаш душмана„, „У никога да немаш поверење,“ се едни од главните фрази на оваа наша легендарна македонско босанска пророчица која на крај увек ќе ви дае воља за живот со нејзината фраза дека „Среча ти стои“.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
А во селото и околината луѓето не еднаш велеа: - Кога запева Фимка, сонцето некако појасно и потопло свети, појот нејзин ја грее душата, ја смирува лутината, аргатската мака ја олеснува, ги полни срцата со некакво таинствено блаженство и замајување, маѓепсува, скротува, смирува, зближува, воздигнува и возвишува, а чучулигите губат лет во висина и славеите замолкнуваат, слушаат и љубоморат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)