ќелеш м.

ќелеш (м.)

Од училиште до дома само за тоа мислеше: „Ами оти пак да не му се опула, ќелешот еден? Шо може па да ми направи тој мрсолко?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие услуги се плаќаа можеби поскапо и од самите наказанија, ама главно луѓето не се запишуваа во „ќелеш“ тевтер, како ги викаше тој наказателните книги што се водеа кај кадијата и кајмакамот за евиденција на накажаните граѓани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Шо тропаш, бре ќелеш, ошче со ноќ по туѓите куќи?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Јас су овде паша, бре ќелеш! — одговори Толе, тргна и го кутна Ферада.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ЌЕЛЕШ - Презрив назив за ќелав, деградиран, ништо човек; обично така се именува најмалиот син или зет во приказните.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ќелешо ништо не му рекол, ѓоа ништо зло не беа му напраиле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но кога Тодора за првпат го виде, и одвисоко, со опулот го пронижа прашувајќи „што бара овој ќелеш овде?“, Петре, без да знае што прави, ѝ го врати храбро погледот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чул ќелешот и жегнал перото од белиот орел, та му дошол и му посакал еден јунак коњ бел и една руба бела.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ти имаш ли намуз или не! - Ти не ме оставаш да се омажам, - рече таа низ плачот, горко. - Ја, за овој ќелеш!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)