ќерата м.

ќерата (м.)

Страшниот човек ги допреплаши децата со тоа што, кога тие се свртија кон него, се принамршти и им свика: - Што правите тука, бре ќерата!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Прв го утеши Дико: - Седни, - милозливо му рече тој. – Немај гајле кога се погоди среќен, ќерата ниеден.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Каква одбрана во опседната зграда? – Теслим, бре ќерата? извика омбашијата и тргна со кубурот а едно момче се струполи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Однадвор се чу пак силно чукање и некој на турски извика: - Отвори, бре ќерата!43) - Потера од пет суварии!44) - тивко шепна домаќинот, побеле во лицето како крпа и се врати назад.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
— Теслим, бре ќерата! — извика чаушот од зад плоча и рипна напред да го налегнува Димитрија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Камо комитите, бре ќерата! — го запраша јузбашијата Милана, а Милан се прави недоветен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Кој си ти бре, ќерата, шо си се испружил тука како крмнак? — викна Сиве и сакаше да се наведе да го фати за затилок, но во тој момент се исправија пред него Трајко и Толе со навртени пушки во него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Море, ќерата, беше велеле тие, кога влегува, кога излегува. Дали ангелот го носи на рамо, велеле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Прости, попе, - му рече дедо ми- ама голем ќерата си ти.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Отишла и му кажала што мака има. А тој учителот и учен, ама и итар кератата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тргнати веќе, Кочо пак се сврте. На излегување Рангел му намигна: - Тој ќерата знаеш што ѝ рече?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Стој бре ќерата, каде си се забрзал! - викна едниот од аскерот наоружани до заби, небаре Петар брзаше, како може да се брза со толкав товар? - Добро, добро еве застанав...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Веднаш му се обрати на својот Месади: - Кој е бре овој ќерата на говорницата?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќератајата низ дуљбија мора да видел дека тука имам мажи во години.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)