џаде (ср.)
Освен тоа, на Византија ѝ помагаа да ги држи Македонците во послушност и џадињата или друмиштата што се направени за воени потреби уште од Римјаните и ја пресечуваат Македонија од исток на запад, т.е. од Белото Море кон Јадранот и од југ кон север крај Вардар, т.е. од Белото Море кон Дунавот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се врати в село по неколку дена, терајќи пред себе карван коњи, претоварени со сите оние работи, што можеа да се присоберат по џадињата во тој април.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И можеа тие неколку дена, додека се искрадуваа, да ги гледаат пренатрупаните патишта со сиот имот на државата, беше како некој да ги имаше истресено, исфрлено, крај главните и други друмови, сите државни магацини, сите воени резерви, сите комори, заедно со нераспрегнатите коњи и сите други воени возила, запрени, или стркалани крај џадињата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Со трчање се упативме кон „Жандармерискана“, што се наоѓа онаму, на она место каде што патот од селово се здружува со џадето.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Едната од нив ќе изврши удар на општината, другата на училиштето, а третата ќе го држи патот што води надолу кон џадето ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Некои акции веќе превземаме. По џадиња, пруги, мостови... Веројатно слушате за тоа...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но дури така Јован и Крсте си ја гледаа страшната смрт во тесното одајче, а кајмакамот и бимбашијата ги трлкаа задоволни рацете, оти за неколку минути или најмногу саат ќе ја свршат и оваа царска работа, по уличето откон битолско џаде се слушнаа прапорци од пајтон, а на местото од пајтонџијата не човек со црвен фес, ами европејска паларија, а до него исто таков друг, со шарен бајрак во раката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И кога свртеле на џаде, кај воденицине Чатлакови, ме здогледале мене кај што копам пченка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
ВЕЛИКА Слушаме ќе се враќаат војниците. И секој ден слегувавме на Скара, на џадето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Позајмивме пари, собравме и го испративме донекаде. До џадено, до Скара.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Оттогаш во песокот градевме воденици, мостови, градевме железничка линија што поминуваше отаде џаде и задолжително трите вагони и локомотивата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И црневица се растури накај џадето, Турмата како диво надојдена река, црна, огромна, разофкана и развикана, расплакана и разлелекана - надоаѓа, надоаѓа, се згустува; истечува од горе и дотечува, бучи, завива, вие, тупа, дига облак прав, го наполнува просторот, се влева во ендеците, се втиснува и се растура меѓу камионите, ги опкружува, се збива, се рои, во бранови се фрла, трча, клокоти, врие и вика гласно, болно, продорно, пронижувачки, жаловито, галежливо, тажовито, испрекинато, молбено и шепотливо: - Е-е-е-е-е!!!...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Излегува сред џаде, раширува нозе и подига и рака и патерица.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Коњот со мака ја теглеше колата по нерамното џаде и наближуваше кон селото; фрчеше со носот, се потеше од жештина и од теглењето.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Споменикот се извишуваше над Веселчани, над Потковицата и беше свртен натаму, преку Битолско Џаде, накај Алинци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Изутрината Мил го разбуди порано за да го пречекаат на џадето автобусот што тргнуваше од крајезерскиот град.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Умрела, незабележано, додека седела во сенката на воловите кои Ѓоре ги придржувал на џадето пред портата на касарната.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Германците и Бугарите, кога, во 1941-та, повторно ја завојуваа Потковицата, покрај што ги обезбедија сите завои, сите усеци и мостови на Битолско Џаде, па мостовите и завоите на Црна, и мостовите и усеците на железничката линија, Германците, сами, на Чауле поставија осматрачница.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Првин го видовме војничкиот камион на џадето, а потоа војниците, татка и сите 12 души со него.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сите сакаат да фатат џаде, така?
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)