џамија ж.

џамија (ж.)

Му се радував, го слушав, се согласував да крадам по бавчите со него и не сонував дека е тој најарниот ученик од школата на злосторниците во овој врел прашен град исткаен како стара черга од тесни улици, од плашливи куќарки, од џамии и од два бронзени коњаника пред стариот камен мост, двајца црвеникави кралеви: Петар - татко, и Александар - син.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И пашата не беше уште ни пристигнат во Ресен, а таму веќе трепереа во смртен страв, собраните во џамијата преспански аги и бегови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кратко им рече пашата во џамијата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од џамијата што го покажува својот остар врв зад ридот се провлекува молитвено виење. Време е, другари, време е!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На сите страни, дури до небо, се издигнувале белите високи минариња на џамиите. На нив се качувале оџите и ги викале верниците на молитва.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Познато е дека Истанбул е милионски град, со вонредно живописна панорама, со море кое завлегло во неговите пазуви, што широки и тесни улички и сокаци со мермерни куќи и облакодери и со дрвени куќарки, град кој лежи на два континента, каде што најрелјефно се оцртале европското и ориентот, град со џамии и цркви и еврејски синагоги, сараите на турските падишаси и султани, со споменици на едно блескаво богатство, на еден раскош и пропаѓање на една петвековна империја, која ја докрајчил стариот и изнемоштен старец - султанот Решад...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Откако бил примен лично од Махмуд II и лично од него одликуван со орден, добил и три царски фермани: едниот да смее да носи оружје во секое време и пред секого, вториот да седи во Покраинскиот меџлис и да го заштитува народот од сета Мијачија и од сета Деборија, и третиот, кој бил издаден лично на негово барање, да смее да подигне џамија во Лубаново и црква во Лазарополе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И во еден врел јулски петок, ден кога Алах име на поблизу на правоверните, Липа Рипс и Рубина Фаин како руски дворјанини под дипломатски имунитет, доаѓаат во близината на светото место на кое, заштитен од проверени азиски и европски гардисти, дел од низам џедит, нов ред во војската, стар осум децении,можеби од Курди, Сиријци и балкански потурченици со барутни срца в круг околу џамија во која се моли Абдул Хамид.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
10. Ариф, кој носеше мнозина на душа, го најдовме в џамија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ќе има требам да просам за нив пред цркви и џамии, а?“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога влеговме, џамијата беше полна со мажи, полегнати ничкум.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште дедото на некогашниот маскар кој ги минувал овие патишта, еднаш дури и со благородниот патник Челеби од Стамбол, раскажувал во Кукулино за тој град од камени куќи, стари мостови, џамии и беговски кули и прозорци од зелено стакло и со стотици чешми и водоскоци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со оваа нова градба, како и со блискиот Дом на Армијата, изграден на местото на една џамија во форма на бурма и позната како Бурмали–џамија, спроти зданието на големата банка, со зданието на големата железничка станица, една од најубавите на Балканот во речиси ориенталната касаба, се наѕираше моќта на новата држава.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сместувајќи се во Grand Hotel Villa de France, кадешто Матис бил инспириран да ги наслика своите одалиски, во градот кој порано го беше инспирирал Римски-Корсаков да ја напише својата Шехерезада, ги истражувавме пеш забрзаната, миризлива Медина, Гранд и Петит Сако и касабата; повеќе сакавме да се загубиме без професионална помош, одбивајќи ги непријатно лепливите наводни водичи и занемарувајќи ја изненадувачки антисемитската тирада на едниот од нив; серенадите ни ги пееја градските певци секое утро и муезините пет пати секој ден молејќи се преку разгласот од минарето на блиската џамија; одлучивме својот прв невин излет во исламот да го продолжиме низ брегот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Беше време кога се затвораа џамиите, црквите, катедралите и синагогите. Се затвораа, казнуваа невини свештеници од сите вери.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во една од џамиите се чувале елементите за плакатите, паролите за големите партиски митинзи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Подоцна, кога често патував по светот и со подеднакво чувство на релативно верување влегував во катедрали, цркви, џамии, синагоги и пагоди, па оттаму во моите текстови се обидував да ја пренесам истата тишина од храмовите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Христијанските манастири често служеле за заслонување и престој на дервишите, а во имаретите, добротворните кујни градени покрај џамиите, во кои се делела бесплатно храна и преноќиште, рамноправно престојувале и христијани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Претходната вечер еден наш раководител и стар партизан, малку се оддалечил од штабот што беше сместен покрај реката до џамијата, па го фатиле балистите и му ја ставиле главата во вода, толку колку устата да му се наполни и побегнале.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој крена чело, се зачуди. Зошто џамија?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе