џенем м.

џенем (м.)

– „О јас сиромав, си рекол сам со себе, угоре високо, удолу длабоко, да се вратам, кај џевнем да одам?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
ТЕОДОС: (Како да ги истуркува со раце.) Ајде, џенем фатете сите!... Јас да кршам глава одовде, да се извлечам, да побегнам!... (Станува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Така бујниот Толе, притеснет од положбата во која се најдуваше, ги советуваше селаните да се спасуваат со гоштавање и придавачки, а сам во себе вркеше од гнев, сега не само на Турците, што си ги бранеа своите петвековни државни права, ами повеќе на Борисовци, Тренковци кои „дојдоа од џенемиите“ — од Бугарија — да ја запалат земјата и да го остават народот на милост и немилост на разјарениот душман“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кому не му чини, ене му и патишчата на сете четири страни, џенем ако сакаат нека ватат! — остро одговори Толе и си ја продолжи својата арамиска работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зема чај и седнува на масата до нас. „В џенем фатите“, ни вели.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„В џенем фати!“ му рече Цанул налутено.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Слепиот Тимон им велеше: „Во кој џенем ќе одат! Гладен војник не маршира подалеку од својот стомак“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со снегот го снемало, фатил џенем или се присокрил негде за нови злосторства.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ние ќе го бараме. - Ќе нѐ види, Онисифоре, и џенем ќе фати. Итрец е. - Кога ќе се стемни не ќе нѐ види.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакаше да избега, џенем да фати, ама го зграпчив за рака и го повлеков. Потоа се покори и шмрк-шмрк... шмрк-шмрк, по мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Везден молчи, сепак само глас да крене – лисец ќе се стресе волк ќе фати џенем.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Леле, Адо, кој сега ќе се влечка докај тебе со автобус, џенем е тој твој Аеродром! А и многу е жешко.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И пците едно подруго пцовисаа, а овците без ред џенем фатија. Не се вратија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нѐ напушти, ја прошируваше приказната, една како тетка ти Ангелина, знаеш, како мајка ѝ на Евгенија, му го сврте умот, џенем фатија!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А и ти нетука, недома, во туѓина, џенем.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Може и тој сега бдее во несоница, мисли како да ме извлече и мене, а и себе од џенемот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да бидеш господар на една земја и народ е исто што и да седиш на терезија со два таса. Едниот тас е џенетот, а другиот џенемот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ми се крши ко суво стаклено цвеќе во раце, под нозе, на срце во мозокот ми удира ме заклучува ко да сум казнета со катанец, од надвор правам сѐ да ме нема можеби така ќе се спасам ќе фатам џенем некаде усвет, некаде кајшто никој не ме знае и нема да му падне на памет да ме оспорува оти такви работи не им паѓаат на ум на нормални луѓе ама овде сѐ е можно овде ние не сме ние светот е превртен наопаку ние газиме по шилци ако нив ги промашиме ќе нагазиме на мина ако неа ја промашиме ќе се фатиме во стапица ако и стапицата ја промашиме ќе удри гром ако и громот нѐ промаши ќе се изедеме еден со друг.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сликите на апокалиптичниот сон ги заменува неговата способност за брза рационализација: Геханна, јудејскиот непрецизен поим за пеколот како што, впрочем, јасно покажав во мојот докторат, е доработен во Куранот и таму е преименуван во Џаханнам или Џехеннем. Во Солун велат – во џенем.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе