џишне (св.)
После ја изнајде својата запалка и го џишна во дното.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И првиот ден немаше, вториот ден немаше, петтиот ден, пак така, ама после, кога ја слеков да ја замијам, нешто како да ме џишна, као да ме опрли.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Баш во мигов, пак, Краснојарск е домаќин на тајната конференција на сибирските алхемичари кои се договараат како, без никој да дознае, да извезат црвена боја за фустанот на сопругата на американскиот претседател за свечениот прием во Белата куќа во чест на кинескиот претседател, отшто во белата куќа меѓу сите зналци и душкала има и такви кои знаат дека џиш црвената може да џишне на незгодни места, може да џишне мнозина, а богами може да џишне и цели народи, ако алхемичарите се вљубени во џишнувањето.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Братск не е многу далеку од Омск, каде што, нели, претстојувал другарот Тито кога џишнувал Сибир и тука, во Братск, саде за братски делби зборат, брат брата не ранел ама тешко кој го немал, луѓето во Братск многу се слични на едни Балканци во изумирање кои само за братство и единство и за други свечени песни од старата татковина кога ќе се напијат си ги кинат грлата – Републико мајко наша, од Вардара па до Триглава... Демек!
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)