втор (бр.) - обид (имн.)

Оваа монографија е втор обид тој интерес да биде задоволен.* Ние сме свесни дека, поради недостиг на доволно архивски и друг материјал, не бевме во можност да одговориме на повеќе прашања што во темава ни се наметнуваа и да ги пополниме сите празнини што се појавуваа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
При вториот обид случката се повтори.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
На пример, ако за противник го има најголемиот тапчо, кој со затворена дланка го прашува дали се пар или непар, нашето момче одговара ’непар’, и губи; но при вториот обид добива, бидејќи тогаш си вели ’тапчото држеше парен број првиот пат, а неговата лукавост досега дотаму што вториот пат ќе држи непар; затоа сега ќе кажам непар’. Кажува ’непар’ и добива.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ваквата формулација дава можност работникот да склучи договор за вработување на неопределено време, што секако е позитивна промена, но временскиот период од 2 години како минимален рок во кој работникот треба да продолжи да работи е несразмерно долго утврден и умесно би било да се размисли за сведување на овој временски услов на 6 месеци; ѓ) кај сезонската работа дојде до нејзино поблиско дефинирање како „работа која поради климатските или природните услови не се извршува во текот на целата година, туку во одредени периоди – сезони, која не надминува осум месеци во период од 12 последователни месеци“ (чл. 6 од ЗИДЗРО/фев.13) Инаку, ова е втор обид да се дефинира максималното траење на сезонската работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Еден обид, втор обид - раката не излегува.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)