Има два вида бакрданик, варен и вртен. Варениот се припрема на брза рака; откако ќе зоврие водата во котелот, во која пред тоа има турено сол и неколку дрвени лајци сало, полека се сипа царевно брашно и со сукало постојано се врти, затоа и се вика вртен.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во шизофрената глава на граѓанинот на бивша Југославија се прекршуваат не само две стварности, онаа минатата и оваа сегашната, туку и два вида на кич: оној стариот, мртов веќе одамна, и овој новиот, кој никнува врз стариот, сметајќи на тоа дека реципиентот ја потиснал во заборав првата претставка.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Постојат два вида љубов – една што се дава, друга што се прима.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Постојат два вида интелектуалци. Тоа се научници и уметници.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Не дека детето се пожали некогаш, нему му беше битно да го наполни стомачето и ништо друго, а таа сакаше работите да тргнат на подобро и да се вратат во она друго време, кога можеа да избираат меѓу два вида паштетка или крем.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Хундертвасер, меѓутоа, сака да оди уште еден чекор понатаму, па на идните станари им нуди два вида на соработка при обликувањето на својата станбена околина. 124 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Грубо речено, има два вида корисници.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но, кажувајќи го ова, не мислам дека сите го користат тоа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Природата на јазикот во прозата на Чинго, ако тој јазик го сфатиме како синтеза меѓу повеќе говорни стилови и јазикот и стилот на народното творештво, ни сугерира два вида литерарни настојувања.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
А, во овој контекст, би било умесно да ги споменеме и новите одредби коишто, за прв пат, предвидуваат обврска за чување на деловна тајна од страна на работникот (т.н. забрана на „инасајдерство“ – чл. 35, ЗРО/05); како и забрана за конкурентско дејствување, која може да се јави во два вида: како законска забрана (т.н.„конкурентска забрана“ – чл. 36, ЗРО/05) и како договорна забрана (т.н. „конкурентска клаузула“ – чл. 37-39, ЗРО/05); в) договор за дополнително работење кај друг работодавач (т.н. „дополнителна дејност“) – кој, за разлика од претходниот, го склучува работник кој работи со полно, а не со скратено работно време, со друг работодавач.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
5 Меѓу особено штетните ефекти на популарната култура наводно спаѓаат нејзината емоционална деструктивност (бидејќи гарантира лажно задоволување и делува брутално со својот акцент врз насилството и сексот), интелектуалната деструктивност (зашто нуди евтина и ескапистичка содржина, што ја поткопува способноста на луѓето да се соочат со реалноста) и културната деструктивност (зашто ја ослабнува способноста на луѓето да соработуваат во високата култура).
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Терминот популарна култура е посоодветен, иако претпоставува постоење на два вида култура (висока и популарна), кои се толку различни, што е невозможно да се споредуваат. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 110
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Така се воспоставува одредена дихотомија, што ги определува сите натамошни анализи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)