- Девојки - почна старешината - од денес, па во наредните дваесетина дена, прво тука, потоа и по ридовите, ќе вежбаме...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во придружба на својот колега Јусуф беј, исто така, професор по Убави уметности од овој град, пристигна во Сарајот, во кој требаше да живее и да работи, да слика дваесетина дена.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Уште во почетокот на април 1903 година, дваесетина дена пред атентатите, грчкиот конзул во Солун Евгенијадис го известува министерот за надворешни работи во Атина за гласовите што се шират во градот дека по неколку дена ќе бидат предизвикани безредија во македонската престолнина.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
На десетина, дваесетина дена, пробивајќи се по обични колски патишта, пресечувајќи неразгазени долинки и ритчиња, газејќи низ грмје и папрати, шумарот ќе се појавеше со својот џип да ја надгледа гората или да маркира дрво за огрев или граѓа.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Беше тука повеќе од дваесетина дена, иако не беше во состојба да ги преброи точно сите оние безлични денови на чекањето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пред дваесетина дена, без било кој да знае, му испрати писмо на Хелвиг.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Беа изминале веќе дваесетина дена, откако Марија се помири дека на Хелвиг не треба да се надева. Ни на писмо. Ни на пари.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Син му Трпо се родил дваесетина дена подоцна. Посмртче.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дадено на ќаата на везирот Мустафа 26 сефер 973 год. И Сефедин доби еден арапски коњ од султановото ергеле, го кладе ферманот во џебот и за дваесетина дена се врати во Прилеп.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Со парче од керамитка на еден камен од ѕидот влечевме црвена црта и со неа ги бележевме деновите што одминуваа и секоја ноќ сонувавме камиони што нѐ чекаа за да нѐ вратат дома, зашто беше речено дека по дваесетина денови ќе се вратиме... не знам зошто и не знам кој ни рече дека тука ќе дојдат камионите и тука секој ден ги чекавме...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
По години, веќе возрасен, по долгата, неколкугодишна разделба и средбата под туѓо поднебје, од мајка ми ќе слушнам: - Ни рекоа дека штом помини лошото децата ќе ни ги вратат и тоа по дваесетина денови.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Истиот ден не вратија во Прењес и по дваесетина денови, дел од нас, пред година откинатите од школската клупа, за кои мислеа дека пораснавме за в бој, со авион не префрлија во Полска.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)