Свртија лево. По неполни дваесетина минути придодадените курири застанаа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Генералот се стресе, праша: - Долго ли спиев? - Само дваесетина минути... - Зарем толку долго?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Имаме уште дваесетина минути на располагање.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Говорот траеше веќе дваесетина минути, кога еден курир брзо се искачи на бината и му подаде парче хартија на говорникот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Цел маж!“ и го поттупна по рамото, задоволен како токму тој, со своето вешто стрижење, за дваесетина минути да успеал да го израсне од дете во момче.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Состанокот траеше уште дваесетина минути, до последна секунда наполнети со неинвентивни идеи.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Остана така дваесетина минути, или половина час, загледан во огнот, со шишенцето в рака, па одново излезе пред колибата, насочувајќи го погледот по патеката кон Гола Глава.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Излезе под стреата, ја грабна секирата и цели дваесетина минути се носеше со жилавиот, непокорен Јурук.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Знаеше дека е доцна, дека мора да побрза да го нахрани добитокот, да го напои, но чувствуваше некаква чудна безволност, па уште дваесетина минути по разбудувањето остана да лежи.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тоа му одзеде дваесетина минути.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Неговото место е на дваесетина минути откај мене, откога ќе се премине Сена.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во Институтот за љубов меѓу квантумите, кога чекавме неутронот да се распадне во протон или електрон или антинеутрино, секогаш чекавме околу дваесетина минути, зарем не?
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Построени, со еднаков чекор и песна се враќавме под врбата, дваесетина минути не вежбаше Маријанти рамен строј и чекор, а потоа добивавме чинија макарони (секогаш за ручек и вечера макарони), јадевме набрзина и одевме на спиење.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
По дваесетина минути нѐ повика. - Сѐ е во ред.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тераме натаму и по дваесетина минути – првите куќи на Трстеник – Трестеник.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во Апоскеп останавме едно дваесетина минути колку за да и се насладиме на прекрасната глетка на Костур и Костуерското Езеро и потоа стигавме во Габреш.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Меѓутоа, нешто подоцна, после некои дваесетина минути, забележав дека килимот веќе не е рамен и безживотен туку дека се претворил во поле од раздвижени и разбранувани влакна слични на движењето на морските саси или на пченичното поле изложено на ветар.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)