Во 1914 година беа мобилизирани од Србите и двајцата отидоа на австрискиот фронт, Се бореа што се бореа, Митре ја помина Албанија, а Петрета го заробија Австријците и од Надмеѓар, како „б'лгарин от Македонија" го испратија во Бугарија и по смирувањето на Романија, се најде во II тракиска дивизија на Солунскиот фронт, во синорот на неговото село Старавина — Соколот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Оттука двајцата отишле во својот дом кој се наоѓал близу до касарната “Топхане“, ја затвориле добро железната врата на куќата, како и другите врати, и започнале од терасата и од собата да фрлаат бомби на улица.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Пријателот го фати за рака и тие двајцата отидоа зад куќата.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Се молел пред умирање Симон Наконтик. Луѓето, свикнати да измислуваат молитви, да се сожалуваат или да бараат сожалување, и не го слушале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но тој навистина, додека Онисифор Проказник со уште двајца отишол да го земе скриеното оружје на оној бег и на неговите измеќари со кои се колеле во куќата на немата Ганка пред да влезат во Лесново, седнал под стар орев и умрел говорејќи, зачудо смирено и без страв, дека не умира од старост, дека на дружината крлешки ѝ се залепила црна чума или проклета утеха: болката го одбрала него за да ги предупреди дека ни најумниот не е достатно силен да ја победи: злото ни секира го сече, ни нож го дупи, ни можеш да го зграпчиш за уши и да го урнеш од карпа в бездна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)