двајца (бр.) - борец (имн.)

- Кои се овие шутраци! – вели едниот од двајцата борци.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Оние двајца борци на кои им ја раскажувал непознатата историја, весели зејгоровци што и на родените мајки можеле нечујно да им дрпнат доенче од прегратка, црпеле со една лажица густ мармалад од пленета германска конзерва и задоволно ги протегале мршавите нозе по земјата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сето тоа минува крај двајцата борци и се таложи во длабочината на свеста, а таа обеспокоена ги гледа и не разликува кој треба да биде оној со кого разговараше, кој внукот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Двајца борци го придржуваа ранетиот, третиот бавно чекореше по нив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Толку долго бил врзан за минатото со спомените и сеќавањата на некогашните жители од селото на кое му служел што изгледало дека зачекорил рамно од онаа илјада осумстотини триесет и петта година кон чадливото завршување на Втората светска војна: воскреснал, ја стресол земјата од топџиските раменици и - еве го, пратеник на заборавените, сеедно што пред патот на четириесет и тројцата терачи на двоколки, а и потоа, се одигрувале и поголеми и позначајни настани за кои светот знаел од папируси и пергаменти, од паметници и книги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)