две (бр.) - име (имн.)

Овде се држеше настрана од нивните цркви, од нивните културно-уметнички друштва, од проширените семејства кои на игранки какви што во Југославија веќе одамна немаше дури ни по селата, застанати со пиво под сликите на Гоце Делчев, бараа мажи за своите грди дебели ќерки со по две имиња и паѓаа во делириум на секоја песна што ги потсетуваше на стариот крај.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Можеби сѐ на светов беше едно со две имиња.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Еј, другар, да го викаме Црни!“ рече Дејко. „Важи“, реков, „Црни - а може и Мурџо. Може да има и две имиња: Црни-Мурџо или Мурџо-Црни.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога дрвото покрај кое случајно минувате со задоволство ја претрпува болката од впишувањето на две имиња врз неговата кора со нож; кога истовремената појава на дожд од небото и солзи на вашето лице не може да се нарече случајност; кога светулка се дави во вирче, прета со наводенети крилца борејќи се за живот и притоа не заборава да ве награди со светлина; кога не знаете зошто одот одеднаш ви станува куц; кога не сте пијани, а од некои темни агли на едвај осветлената улица слушате тивко завивање и цивкање на куче; кога не знаете како сте станале дел од таква ноќ... сѐ што ви преостанува е да се гризете од бол и зачуденост.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ако може да се говори за двете големи влијанија на американското сликарство, можеме главно да споменеме две имиња: Пикасо и Дишан, сето останато е споредно...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Што се однесува до Дишан, може сѐ да се очекува, ништо не беше невозможно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јас, браќа, измислив две имиња, два збора сочинив, што не постојат во ниеден јазик, кај ниеден род.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Носителите на тие колца-наречја некогаш се викале „Словени”, а после ту Бугари ту Срби, додека конкуренцијата на овие две имиња не ги направи обете туѓи за Македонските Словени и тие не фатија да се именуваат со старото географско име на својата татковина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)