Како глава на бројното семејство Буколовац, Трајко бил и чувар на амблемата – магарешка глава со ѕвезда на чело, а испод глава полегнати на во косо две секири и два долги ножа, сето тоа исцртано на одбранбен штит, кој го носеле пред себе нашите предци.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И ја водам Уља меѓу нив и ѝ кажувам да вели: ״Поминав меѓу две секири, а не се пресеков, поминав меѓу две води, не се удавив, и поминав меѓу два огна, не се изгорев.“
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)