Ајде да се фатиме кусо долго кој треба да биде прав, а кој крив пред судот, — предложи Шаќир и веќе скина од метлата две сламки — една подолга — една покуса и ги стисна во раката: — Ајде, тегни, подолгата е живот — покусата смрт.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Така, тргај сега, па после ќе го кроиме планот за одбрана, — рече Шаќир и му ги подаде стиснатите сламки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ние не можеме ни во спор да влеземе зашто овие две реплики одат една во друга: додека јас ја зговарам мојата реплика, тој ја изговара својата и тие, двете спротивни реплики, влегуваат една во друга како две сламки една во друга и не се знае ни дали воопшто има спор а камо ли во што тој се состои.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)