Две напоредни ‘граматики’ во кои нештата се разликуваат меѓу себе од начинот на кој, платоновски речено, се огледуваат во огледалото на говорот“ („Хаику во Скопје“).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ги чувствуваше сега тие два живота како две напоредни линии, кои ниеднаш не се приближиле ни за една сламка и кои беа секогаш осудени да остануваат најдалечни една од друга, колку што било возможно тоа, колку што го позволувал тоа животот во едно заедничко време и во едно село со доста честите совпаѓања на судбините.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, „радоста на живеењето“!... во неа тој ужива од најраното детство досега, а кога баш не му оди од рака, уште повеќе ја наоѓа во луѓето и случувањата.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)