Од преносеност (замина деветтиот месец, влезе во десеттиот) кожичката му беше сува, посна, жолтеникава, на места излупена како гуштерче, ноктите на рацете и нозете издолжени.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Деветти месец веќе излегува, во десетти влегувам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Рада со првите септемвриски денови влезе во деветтиот месец од бременоста. Телото ѝ беше оптегнато како балон.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Според записот во првата тетратка од Дневникот, третиот пат во Скопје сум пристигнал на деветти во деветтиот месец од 1951 година. Записот е направен во Скопје.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
На мојата свадба, пак, мајка ми беше бремена во деветти месец, на 52 години го роди брат ми Павле.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)