осум (бр.) - книга (имн.)

Овој лик е присутен речиси во сите или буквално во сите досега објавени осум книги од Луановата „Балканска сага”, но сега, како да се здобива со статус на одделна целина, на една автономија на достоинството па, се извишува налик на биљур врз поворката од останатите впечатливи јунаци на оваа проза.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во претходните осум книги (епизоди, делови, фрагменти, приказни...).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Внимателното читање на сите осум досегашни книги, на некој начин (авто)резимирани во оваа последна, деветта, сосема ме убедија дека Ти, драги Луан, навистина никогаш, во ниту еден миг од своето живеење, во ниту една од семожните ситуации во кои си се наоѓал во протег на последниве шеесетина години од Твојот свесен живот, немаш сторено (кажано, помислено...) ништо, ама навистина ништо без претходно да не се запрашаш како за тоа би суделе (мислеле, чувствувале...) и како на стореното или на кажаното би реагирале Твоите родители.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се осмелувам да кажам дека е во прашање исконски, небаре библиски модел на среќно семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)