” Најсетне, по цел тој век, ми се стори, од напади врз моите невини тапанчиња, брат ми се смилости, стана и по пет-шест минути, сега веќе и не паметам точно, се најдовме надвор, на чист воздух што се вели далеку од неподносливиот мирис на тој ѓон.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Водачот влезе во соседната одаја со книгата и по пет-шест минути излезе и му рече на Суља да чека дури да го повика везирот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Продавницата се наоѓаше многу блиску и Ѕ очекуваше дека за пет-шест минути таа би требало да се врати. Се загрижи.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Затоа истрча надвор и по пет-шест минути пак се врати, придружуван од Бојко.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Но тате молчел и никому не проговорил ниту збор за она што му се случило, каде бил и каде сакал да појде.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
За не повеќе од пет-шест минути значајното лице веќе било пред влезот на својата куќа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Потоа авторот легна на плеќи на тепихот среде собата заради релаксација од пет-шест минути.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)