А слугата Филимон поради неспретноста да се спроведе низ строј од четири луѓе пет пати поради камшикување.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Со наведеното јаже од бунарот треба да се озвлече ведрото, што таму упаднало поради неспретноста на слугата Филимон.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тоа августовско утро во Прага Сите ги прекоруваа своите мали кученца кои баш сега најдоа по пет пати да мочаат во тревниците послани со свежи ѕвезди а за баксуз, никаде немаше натпис: мочањето врз тревници од ѕвезди е забрането.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Збирот на минутите понекогаш изгледа поголем од неговите составни делови, па четириесет и пет минути не се состојат од една минута, па уште една, и така четириесет и пет пати - кога се групирани, минутите како да формираат некаков пакет, кој е полесно да се проголта како сендвич со шунка, кашкавал, зелена салата и кечап, а не само како сува кифла.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
И благодарение на Лениновата линија и Сталиновата реализација, во периодот помеѓу 1928 и 1932 година, односно во времето на Првиот петгодишен план, производството на електрична енергија беше зголемено за пет пати, како резултат на експлоатацијата на хидроелектричните ресурси...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Сместувајќи се во Grand Hotel Villa de France, кадешто Матис бил инспириран да ги наслика своите одалиски, во градот кој порано го беше инспирирал Римски-Корсаков да ја напише својата Шехерезада, ги истражувавме пеш забрзаната, миризлива Медина, Гранд и Петит Сако и касабата; повеќе сакавме да се загубиме без професионална помош, одбивајќи ги непријатно лепливите наводни водичи и занемарувајќи ја изненадувачки антисемитската тирада на едниот од нив; серенадите ни ги пееја градските певци секое утро и муезините пет пати секој ден молејќи се преку разгласот од минарето на блиската џамија; одлучивме својот прв невин излет во исламот да го продолжиме низ брегот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)