Бидејќи објаснувањата на “идеолошката” акција, како што покажува витгенштајновската ситуација, не можат да бидат ослободени од апсурдноста и парадоксалноста, Саркањац смета дека познатата Витгенштајнова констатација за “општата болест на мислењето” слободно може да се промени во “општа болест на идеологијата”, од која идеологијата не може да се ослободи, иако постојано ќе се обидува да го најде лекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во седмата глава е направен обид, преку двете сократовски ситуации (маевтиката и неговата осуда на смрт), преку митот за Прометеј, и преку анализата на “лошото освестување” (кога идеологијата успева да го ослободи поединецот од илузиите, но не и практично да го ослободи), да се каже нешто и за судбината на идеологијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)