Слично како и во случајот со неисплатените седум плати, тие ја уверува дека тоа набрзо ќе се случи, односно дека во најбрз можен рок таа ќе ги добие и заостанатите плати и неисплатените испратнини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во текот на овој четиримесечен период, додека парницата беше во тек, работодавачот на Костадиновска „доброволно“ ѝ ги исплати заостанатите седум плати, па затоа ова побарување беше изоставено т.е. повлечено од тужбениот петитум. 275
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имајќи ја предвид лошата ситуација во фирмата и малата веројатност нешто да се промени во тој правец, таа се сложува на ова и „доброволно“ го потпишува решението за технолошки вишок, кое датира од септември 2005 и во кое се наведува дека од денот на престанокот на работниот однос нејзе ќе ѝ се исплати надомест на име испратнина во висина од пет месечни плати остварени во последниот полугодишен период, а исплатата ќе се изврши со денот на престанокот на работниот однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така, таа има сознанија дека директорите, на неколку наврати во минатото, ги подмитуваа трудовите инспектори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во октомври 2005 Костадиновска, заедно со други вработени, е прогласена за технолошки вишок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, додека сè уште работеше во „Спектар“, таа беше сведок на тоа како фирмата, по налог на директорите, им врши градежно-занаетчиски услуги токму на инспекторите кои беа задолжени за нејзина контрола и надзор – без да им наплати за тоа, за да ако настане некој проблем за кој надлежен би бил Инспекторатот на трудот, тој проблем се реши во корист на фирмата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)