четири (бр.) - душа (имн.)

По оваа патрола, што го доведе овчарчето, Фазлибеј испрати заповед до потерните одделенија да не се враќаат назад додека не го истребат „тој трн". Потерите се растрчаа по цело Мариово да ја бараат Толевата чета од четири души.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
15. Утредента Филозофот побара од логотетот да му зготви еден мал караван за пат, со најнужни нешта, со еден водич и еден помошник, и ние четири души сѐ на сѐ, не сметајќи ги животните, заминавме на долг пат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)