шеесет (бр.) - и (сврз.)

Мало беше на прв поглед тоа поприште, штуро за непосветените, - шеесет и четири црно-бели полиња на една плоча што можеш да ја носиш под мишка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На четириесет години, свиен над овие молчаливи фигури во еден провинциски град, тој сознава дека вистинската сила на неговата фантазија била во создавањето убави мечти за животот што го чека, а не во творечко разрешување на проблемите што ги поставува безгласната плоча со шеесет и четири полиња.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се покажа дека г. Черингтон е вдовец на шеесет и тригодишна возраст, кој го води дуќанот триесет години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во секој случај, бројката од шеесет и два милиона не беше поблиску до вистината отколку бројката од педесет и седум милиони, или од сто и четириесет и пет милиони.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вистинското производство изнесуваше шеесет и два милиона.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Свештениците го воделе и учеле народот, таа опстојувала сѐ до илјада седумстотини шеесет и второ лето.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- И за да го допотполни и обогати животот, додаде: - и шеесет и три лета, шеесет и три есени и шеесет и три зими...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога се ожени и се оддели, Лазар ми остави 25 овци. Полека, полека, докупував. Ги дотерав до шеесет и пет.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можеа само да ми ја земат сликата и да ми ја остават со ископани очи, искината или издупчена со седум кома шеесет и пет или девет милиметри, да наведнат глава и да се изгубат од улицата во црна кола со скриен митралез. Ништо друго.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Очите веќе му беа бистри како кога се врати без револверот со калибар седум шеесет и пет бо уште со пасошот в џеб, со таа црвена книшка на магиска моќ да се отиде во невидени светови или на иселеничка плашлива надеж дека човекот може да најде и втора татковина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Новата година за прв пат се приближуваше со поинакво значење, не за да донесе нови непознати страдања, туку да влезе во убавото малечко главче на Пеличка дека еднаш откако ќе изминат триста и шеесет и пет дена се менува бројот на годините со тоа што на претходната додаваме уште една.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Можеа само да ми ја земат сликата и да ми ја остават со ископани очи, искината или издупчена со седум кома шеесте и пет или девет милиметри, да наведнат глава и да се изгубат од улицата во црна кола со скриен митралез. Ништо друго.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се насмевна во себе. Секако, секако ... овој човек на плажата — колку години има? Шеесет и пет? Седумдесет? — чкрташе и шаркаше наоколу.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)