бакне (гл.) - рака (имн.)

Ќе го завиткаше, потоа, во ленено цедило, а потоа ќе си го земеше пагурчето, ќе седнеше покрај нас во постелата и ќе си запееше: прати ми во писмото малку од твојот глас, да го носам со себеси зашто твојот глас е гранче чесно дрво...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јас, Лука Јас, Лука, монах од Вапа, запишав: Пред мене, најстар меѓу монасите, пред легнување застануваа сите монаси и не толку да ми бакнат рака колку да видам кој до кое господово скалило дотерал, убаво распознавав кој најбрзо при Господа ќе стигне и саноќ буден јас своите соништа на оној му ги дарував на кој светлината на првата ѕвезда веќе го допрела.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И кога му пристапи Викторија, да му бакне рака, освен со низа флорини, стариот Карче ја дарува уште со пет лири одгоре... дајреџијата
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И главата со руменото лице, како аловиот вез на нејзината невестинска кошула, се наведна да му бакне рака.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Генералот потстана да ѝ подмести стол на советничката, докторот се наведна да ѝ бакне рака на домаќинката; па сите седнаа, се погледнаа, се насмевнаа и во исто време почнаа да зборуваат, испивајќи го кафето: - Како сте? Како спиевте?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој роднината, му бакна рака на болниот старец, промрморе одвај чујно: „Прости ми, мили дедо”, па ги свика кучињата што Денко ги беше нахранил и со торба преку рамо забрза преку Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Да потпораснеш, да се напласти снег повисок од твојот бој, утринум рано со бадник и со торбуле да чукнеш на вратата на дета ти, тетка ти, да ги затечеш покрај огниште, да им бакнеш рака, да те благословат; нешто потоа, како во сон да видиш една огромна смрзната река во која се фрла крстот и по него се фрлаат и неколкумина за да и на овие свои години пак да не можеш да сфатиш дека сето тоа било една обична рекичка, мал јаз, еден поп и еден огромен крст и молитви што се издигаат до небесата...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
На невестата ѝ се обраќа со зборовите: „Рипни, море млада, да му рипе на домаќинот!“; таа треба да му ја бакне раката затоа што добила стара пара.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Му бакнал рака и застанал на една страна и ватил да се обгледуат во алиштата, чунки кај беше видел пусти воденичар такви алишта во својта живот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
САВЕТКА: Си дадоа збор, се... Аирлија си рекоа. Мене Николаќи ми бакна рака!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но значајното лице, меѓу другото сосема задоволно, од домашните семејни нежности, сметало дека е пристојно за пријателски односи да има пријателка во другиот дел на градот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Два сина, од кои едниот веќе работел во канцеларија и шеснаесетгодишна милолика ќерка со донекаде искривено, но убаво носе, доаѓаа секој ден да му ја бакнат раката со зборовите: „bonjour, papa“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Христина се насмевна и пружи рака, Петар го подигна шеширот во знак на поздрав и ѝ ја бакна раката.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Конзулот Грекусис се насмевна, поклони ја бакна раката на секоја од девојките и интензивно ја погледна Томето.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се поздравија, Петар се поклони, го подигна шеширот и повторно ѝ ја бакна раката.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога дојде Христина тој се поздрави прво со неа, им ги бакна рацете на младите дами, учтиво ги поздрави и си замина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Климент Камилски не знаеше како да ѝ се заблагодари за одличната тава имам бајалди, не можеше да најде вистински зборови, сакаше во мигот да ѝ бакне рака на Мајка по втор пат дента, но виде дека тоа не оди, па мигум се откажа и ѝ рече воодушевено: Одлична Ви беше тавата имам бајалди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И овој пат сакаше да ѝ бакне рака, не знаејќи како поуверливо да се заблагодари за чудесниот вкус на тикушот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако не остави ни трошка во чинијата, восхитено рече: Вакво нешто никогаш не сум вкусил во животот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски ја поздрави, не заборавајќи да ѝ бакне рака откако таа ја избриша од престилката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но откако таа им рече на здравје и побрза кон кујната, Камилски не знаеше како да го изрази своето задоволство, велејќи му на Татко: Ова не е само празник за очите, за душата туку и за срцето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски, восхитен од глетката, сакаше повторно да ѝ бакне рака на Мајка воодушевен од посланото разновидно мезе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Невестата Доста како се позакриваше крај ковчег, оти имала расправии по Солун со Турци — пезевенци, та не излезе да бакне рака дури тие беа тука.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Да сте живи и здрави! — и посегна, и бакна рака на Стојанка и ја поведе горни крај на трпезата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се завртоа три пати околу бурилого и дедот поп го прочете отпустот, им дрпна пак неколку благослови, си ги собра „алатите" во торбичката, а Илко и Доста им бакнаа рака на сите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кушо дојде до оганот како кабаетлија што задоцни; рече: „доброутро“, ја симна и тој капата и со „благослови оче“, му бакна рака на попот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во црквата дедот поп го најде притропот Петрета Слабиѓорев, кој смирено ја симна капата и му бакна рака, барајќи му од благословот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се наведе, му бакна рака и му ја кладе парата во неговата рака, говорејќи му: — Земи, дедо Петко, алав и од мене и од господ. По стопати алав.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По него изнаседнаа и другите гости, а зетот и невестата им бакнаа рака на сите со ред, со што се потврди нивното арманисување.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа и не му дозволив да ми ја бакне раката, успеав некако да си ја приберам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Клекнав пред него, му ја бакнав раката и побарав прошка!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)