Долго те чекав, мил мој... му ги бакнува очите - да го разбуди - да ја погледне со тие очи - замижани... гласот да му го чуе - па да разбере дали е насон или на јаве.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Така при запалени боринки се собиравме во една одаја сите што бевме останати во селото, ги одврзувавме црните шамии, врз нив ги стававме кадрата на нашите дечки и ги гледавме, им шепотевме, а тие само не гледаа и не гледаа, а ние со шепот им зборувавме и со лесен допир, со прстите им галевме образи и чела, со болно навлажнети усни им бакнувавме очи, а тие само не гледаа и само молчеа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)