бакнува (гл.) - рака (имн.)

На оваа месечина уште него кога би го видел како му ја бакнува раката на Исус на брегот на морето, преповторувајќи ја во тишина својата молитва: Господи, Исусе, сета смрт кога би окончала со мене и со моето име...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А тие, мајки и вдовици, скромно го земаат купчето метал и, глеј’, во знак на благодарност за погинатиот маж или син некоја од нив ја бакнува раката на претседателот!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
АНЃЕЛЕ: Седи со здравје, кумо. (Ѝ бакнува рака). Ако појдам кај кумон Донета што да му речам?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: Добро мајко, ич ти гајле да не бериш, ќе видиш што син си родила. (Ѝ ја бакнува раката).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Седи со здравје, стрико Коте! (Му бакнува рака).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: Ќе видиш, татко! (Му бакнува рака и се завртува кон Котета).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Седи си со здравје стрино, Котејце. (Ѝ бакнува рака).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ахил се помирува со несомерливиот јаз меѓу чувството и неговиот израз дури при својата последна средба со Пријам, кој му дава пример како да живее со него – како да го пополни истиот тој јаз.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тогаш целото човечко општење и целата човечка општественост ќе се распаднат, а предивото на човечката односност ќе се расука – како што некое време се расукува во мрачниот дел кон крајот од Илијадата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа славна и патетична постапка не ги преведува Пријамовите болка и гнев во јасна јавна форма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Откажувајќи се од секаков обид да го искаже она што навистина го чувствува кон Ахила, Пријам, несебично решен да си го откупи од Ахила трупот на мртвиот син, Хектор, му ги бакнува рацете на оној што му ги убил децата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Среќен октопод Рачна носталгија Еден пријател има чуден обичај на жените да им бакнува рака. Секогаш ме трогнувал овој гест.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
О! дојде ли?... (се поздравуваат, а Илија му бакнува рака). Седи.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: (оди со главата наведната и застанува пред поп Јанчета, му ја бакнува раката).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
НИКОЛАЌИ: (ѝ ја бакнува раката).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Добро утро, бабо Анчо! (слегува од прагот и приоаѓа и им бакнува рака).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: Е, добре дојде сега (Ја дочекува и и ја бакнува раката).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ИЛИЈА: Благодарам, бабо Анчо. Догледање... (и ја бакнува раката).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: (ѝ бакнува рака на Василка и по тоа ѝ дава шамија). Со здравје да си ја носиш.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Од тоа како лошо биле пречекани кај сватовите, па дека ресторанот е „селјачки“ избор на овие од кај момчето, дека порцијата била преполна, дека порцијата била „цицијашка“, дека невестата има фустан „буди Бог с нама“, дека погачата од свекрвата не можеле да ја скршат оти била ќутук, дека не бакнувале рака или „пу бре, да се бакнувало рака во ова време... јаз’к“!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во зори, кога сама се спуштам по удолнината, а тркалцата од куферот тракаат по нерамната калдрма, ме дочекува еден џин во ливреја и ми бакнува рака.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И, сѐ беше преубаво, до моментот кога мајка ѝ не можеше веќе да го поднесе тоа што невестата не сакаше да бакнува рака по цела сала туку, по скопскиот обичај, помина со сребрени чаши, полни со шампањ, наздравувајќи од гостин на гостин.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога беше со Татко на единственото патување во Италија уште во 1939 година, во една делегација на надежната младина на Албанија, ѝ се случувало на разни свечености во Рим, Бари и Венеција да ѝ ѝ бакнуваат рака.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се крстат пред иконата и по ред му ја бакнуваат раката на домаќинот Петре, па се гушнуваат со радост во душите - НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Како ќе речеш, татко, - му ја бакнува раката и седнува до Трајана, домаќинот свој.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Невестата и зетот бакнуваа рака, гувееја, тураа ракија и вино, та дури и заиграа колку за адет и најпосле дојде саатот да останат и тие насамо. Со благослов од попот невестата си влезе во земникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но сите маки се забораваат - продолжи отец Иларион - кога му го враќам тоа слепило, кога погледнува разумно, и кога при напуштањето на манастиров, ми бакнува рака и ми вели: „Благодарам...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Немало толку да се труди ако не се плашел дека упорноста на Родна и неразумната неумереност на Рајна може да ги изведат на виделина и неговите други траги.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Затоа и оној нејзин Ролан толку бил збунет и нерешителен па трчал од едната до другата за да им ги бакнува рацете.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Одново и одново се загледувам во нејзините очи, во лицето и челото ишарани со брчки и покорно, наведнувајќи глава ѝ бакнувам раце и ... занемувам од восхит...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)