Дончо само насетуваше што значи зборот милување, нешто што кога по твојата глава поминува раката на твојата мајка или кога Митра те бакнува по образот или кога некоја тетка што не ти е мајка ќе те стисне во прегратка а тебе ти доаѓа да ѝ ги разголиш цицките и да почниш да смукаш!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ана го дочекува во спалната, во креветот. – Сонував дека се борам за тебе – му шепоти, додека тој силно ја бакнува по бледото лице.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Сега не си влезе право дома и не го остави ракавот во камарата над оган, ами влезе в земник, го отвори ковчежето во кое си собираше разни работи и каде мајка ѝ никако не проѕираше, го развитка ракавот, прислушна да не иде некој, ја извади китката, и така сама почна да ја гали, да ја мириса, да ја бакнува по цветот и повеќе по корењето, ја лепеше до образи де од едната, де од другата страна, ја притискаше на гради, та дури го извади гушалчето и ја кладе под левата гола град под која силно, како чекан, биеше нејзиното, тукушто разбудено, младо срце.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Моето мало девојче, милото мое мало-големо девојче, - почнува таа да ме гали по косата, по грбот, по рацете, да ме бакнува по лицето, по очите, насекаде. – Мајка тебе не те сака, мајка те... ... – Обожава! – велиме двете во исто време и почнуваме гласно да се смееме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Многу е рано наутро да се бакнуваат по автобуските постојки, ама под железничка има двојки кои се разделуваат пред пат, или се сретнуваат по одмори, па денов ми продолжи во слики на љубовни изливи и страсни прегратки, и, судејќи по тоа на колку вљубени им бев „позадина“, утрово има љубов во градов наш.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Офна како од куршум пронижан и изусти длабоко потресен: — Ти ли си, Петре, брате? — и почна да го бакнува по крвавото лице на бацко му Петре, којшто се онесвести од силната возбуда што го најде брата си во крвавата борба со „непријателот", за кого веруваше дека загинал уште пред три години.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Толе! — Му се впи уште пострасно и почна да го бакнува по образите, челото, устата и каде стигна.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ја бакнувам по врвот на носот: - Не се сите фатаморгани. - Да! Да! – се отрга и скока врз каучот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)