бакнува (гл.) - и (сврз.)

- Ѝ ја мазни косата, ја гали, ја бакнува и, не можејќи да прифати дека ѝ ја нема плетенката, со ожалостен и разочаран глас вели: - Никоја чупа како твојта плетенка немаше...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ми го криви вратот, ми ја откопчува блузата, ме бакнува и ме журка со мустаќите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас ќе ѝ се фрлев во скутот, ќе ја бакнував и ми се чинеше дека таа жена многу ме сака.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во тоа време девојките во ќошот на другиот кат ја прегрнуваа другарка си Анѓа, се бакнуваа и исплакуваа, радувајќи се за нејзината слобода, засипувајќи ја со разни неврзани прашања.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секој секого може да бакнува и на тој ден изневерата не може да се земе како причина за развод на бракот, ниту пак децата од „карневалот“ можат да се прогласат за вонбрачни...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уф, кандилово угаснало! (Клекнува пред иконата и се крсти). Свети Никола златен, варди ни го и чувај ни го батета од лошо. (Ја откачува иконата од ѕидот, ја бакнува и пак ја става на местото.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И јас почнав да измислувам: дека Луција дошла на мој повик; дека јас сум знаел дека ѝ е забрането да се гледа со мене, но сепак сум ја повикал; дека таа не се противела, дека со мене пиела вино и пушела цигари; дека самата ја соблекла кошулата, дека на месечината блеснале нејзините гради, како кај кучка (токму така реков, за да го излудам Фисот, кој, очигледно добро ги познаваше нејзините гради), дека јас сум ја одбил, а дека таа ми се заканувала дека ќе ме убијат од Партијата, затоа што ја одбивам; дека потем таа го слекла здолништето (ќелата на Фисот црвенееше сѐ повеќе и повеќе; жилата на вратот му се наду и мислев дека ќе пукне, дека кап срчева ќе го удри), дека потем јас сум ѝ ги слекол гаќичките, дека сум ѝ ги раширил нозете, дека таа ме молела да влезам во неа, и дека конечно, сум ја завршил работата, само заради сочувување на здравиот народен дух, и дека сум ја исчукал машки, по што таа долго ме бакнувала и ме галела на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)