- Те барам низ цело лозје, - вели таа, - а ти си се скрил.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Врати се при нас не биди палаво, кај ќе се бараме низ неизвесноста, кај ќе се најдеме низ заборавот? ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Јас бев исправен пред себеси во огледалата што ме пренесуваа во бесконечност и со испружени раце ја барав Ема во огромната празнина.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Ќе ја напуштам оваа ќелија. Никогаш веќе нема да ме сретнеш, нема да бидеме веќе никогаш заедно,“ ѝ велев и со испружени раце ја барав низ собата, внимавајќи да не се сплеткам меѓу огледалата кои се движеа и постојано се вртеа кон мене.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ја бара низ мислите девојката на која некогаш ѝ раскажуваше Што ќе пишува во писмото од нејзиниот младич утре што ќе ѝ го прати: На секој негов збор ѝ се надаваа, ѝ се поткреваа дојките,
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
„Глупости, каква слика. Тоа не доаѓа предвид!“, вреска госпоѓата на глас и, барајќи низ списокот, одеднаш целата вознемирена и покажува дека, ете, кај оној чичко ѝ од Власина може да се оди со слика затоа што тој дошол со тенџере за ајвар и тајфа од десет луѓе.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ако е пак во добро расположение, ќе почне да бара низ фиоките и јас тогаш ќе го искористам моментот и убаво ќе разгледам што учи.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Отидов пак кај двата потока. Седев долго, долго и го довикував.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Еден ден многу го барав низ мислите Игбал. Не доаѓаше. Ни трага ни глас од него.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Шансите да го најдеме, ако тргнеме да го бараме низ градов, ни се еднакви на оние што би ги имале кога би решиле да бараме игла во стог сено, - заклучи тој.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Да ѝ каже ли дека болката под третото ребро ја почувствува сега првпат со својата свест и дека сега знае: таа почнала порано, пред да го бараат низ нишан, порано од денот на гревот забременет со безброј нови гревови, секој со сета боја и свој звук.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Молчев. Би можела лошо да зборува за мене.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Оливера ме покани со бонбони. Зедов.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Реков ќе ја почестам, јас имам “кики бонбони“, барав низ ранчето, ама - нема.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)