По ова и обете странки поднесуваат жалби – МВР преку Државниот правобранител на РМ,6 кој го застапуваше во конкретниов случај, и преку дипломираниот правник (С. Арсовска) вработена во МВР, која исто така имаше полномошно – бара укинување на пресудата; додека, пак, штипскиот адвокат на Б. Н. бара зголемени парнични трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Интересно во целиот овој случај е тоа што судијката, при одредување на правото на тужителот, се повикува и на веќе востановената судска пракса или т.н. „прецедентно право“ на повисоките Апелациони судови од Скопје и од Штип (пр. РОЖ. бр.1157/09 и РОЖ.бр.160/10) – што секако е за поздравување, затоа што судиите во РМ конечно треба да го надминат правниот позитивизам на кој се научени и да почнат да го применуваа и „духот“, а не само „словото“ на законот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)